Поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов и голгетерот на белгиската репрезентација Ромелу Лукаку имаа средба по вчерашниот натпревар во квалификациите за Светското првенство.
Овие двајца се добри пријатели кои настапуваа заедно во дреост на ВБА во Премиерлигата се сретнаа по долги години па Белгиецот му подари на дрес на Македонецот и тоа на големо задоволство на Попов.
„Лукаку ми е добар пријател, мило ми е што го сретнат после толку време. Имавме можност да се вратиме од времето кога бевме заедно во ВБА. Направи одлична кариерата и му честитав за титулата во Италија. Навистина направи голем успех и стана легенда на Наполи“, изјави Попов за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

