Двајцата најскапи играчи кои летово ги засилија редовите на ПСЖ за вртоглави суми, за прв пат се сретнаа и пријателски се поздравија на тренингот на парискиот тим.
Нејмар го урна светскиот рекорд кога премина од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра, а по неговите стапки еден месец подоцна тргна и Килиан Мбапе кој пристигна во Париз за 180 милиони евра. Многумина се прашуваа како ќе функционира ѕвездената двојка заедно на терен, а нивната прва средба покажа дека тоа ќе биде ново фудбалско пријателство и вистинска опасност за противниците на терен.
„Пресреќен сум што ќе играм во ист состав со Нејмар. Сите знаеме каков мајстор е тој. Мојата цел е да постигнам што повеќе голови и да му помогнам на Нејмар да ја освои „златната топка“. За мене претставува големо задолство да му се приклучувам на еден од најголемите клубови во светот. Ќе бидам опкружен со многу фудбалски великани. Во мај мислев дека ќе останам во Монако, но одредени случувања ги сменија моите планови. Не сакав да ја напуштам Франција, а многу ми беше важно да се вратам во градот во кој израснав. Сакам да ја одбележам историјата на мојот град“ – рече Килиан Мбапе.
Премиерниот заеднички настап во дресот на ПСЖ, Нејмар и Мбапе ќе го имаат утре на гостувањето кај Мец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА