Средена и последната пречка – Пауновиќ останува селектор на Србија

Вељко Пауновиќ е подготвенн да потпише долгорочен договор како селектор на Србија откако ја надмина и последната пречка, договарајќи се со Овиедо околу отштетата што требаше да ја земе од шпанскиот клуб поради предвремениот раскин на договорот.

Пауновиќ прифати привремено да ја води Србија против селекциите на Англија и на Летонија (пораз и победа), но веднаш по вториот меч изјави дека за долгорочна соработка постои сериозна – неговиот активен договор со Овиедо. Последните информации говорат дека и овој проблем е решен, откако Пауновиќ прифатил тој и неговите асистенти да добијат отштета од 1,7 милиони евра, сума што ќе им биде исплатена на две рати.

Очекувањата се Србинот до крајот на оваа седмица да ја потпише спогодбата со поранешниот клуб, по што ќе може да ги договори и последните детали околу перманентното преземање на националниот тим.

Неофицијално, Фудбалскиот Сојуз на Србија му понудил на Пауновиќ договор до 2030 година што овој стратег начелно го прифатил, а официјализацијата на договорот се очекува до крајот на месецов.

Се вчитува...