Среќа за Барселона: Дика Мем ќе игра на Светското клупско првенство

Барселона ќе патува во Египет по нова титула, светското клупско првенство на ИХФ (порано Супер Глоуб), засилен со Дика Мем.

Францускиот ракометар кој мораше да го напушти теренот на дуелот со Пик Сегед во ЛШ поради повреда, ќе биде веднаш на располагање за својот тим. Иако се чинеше дека повредата е посериозна, сепак, лекарските прегледи покажаа дека Мем може веднаш да се врати на терените.

Тренерот Мануел Ортега нема да може да смета н Хамес Галего, Пол Валера и Хампус Ване, кои и натаму се на листата на повредени.

Барса првиот меч ќе го одигра со австралискиот Сидни Уни, а потоа ќе игра со Ал Ахли од Египет.

Се вчитува...