Ова не е обична победа за Македонија, ова е освета за поразот што не чинеше Олимпијада, враќање и потврда дека во оваа репрезентација има сила, но има и „срце и душа“ што ќе рече Дејан Манасков.
За 15 минути се свртеа коцките. Од смрзнувачки -4 до жешки +4 за голема победа на Македонија против Тунис на стартот на Светското првенство во Франција. Македонските ракометари издржаа до крај, Кире Лазаров одново капитенски двоцифрено, ја предводеше својата репрезентација, Столе Стоилов 60 минути лавовски се бореше, Дејан Манасков погодуваше кога не одеше… на крај го послужи среќата и дебитантот Благојче Трајковски. Не им одеше на нашите голмани во поголем дел од мечот, но фати Трајковски токму кога требаше и се сврте натпреварот. Ракометарите заслужено и се израдуваа на победата. И селекторот Лино Червар на пресот „им симна капа“ ама ги предупреди „без еуфорија, молам, не чекаат уште натпревари“!
[new_royalslider id=”480″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА