Баер Леверкузен направи уште еден чекор напред кон титулата во Бундес-лигата откако избраниците на Чаби Алонсо славеа со 2-1 на домашен терен против Мајнц. „Фармацевтите“ се мачеа да стигнат до триумф, а за трите бода треба да му се благодарни на гостинскиот голман Центнер и неговата катастрофална интервенција при победничкиот гол што го постигна Андрич.
Дуелот почна суперинтересно, откако Џака по нецели три минути постигна еврогол од дваесетина метри, уште една ситуација во која Центнер можеше и подобро да интервенира. Мајнц успеа да се врати само неколку минути подоцна израмнувајќи преку Кор, по што долго време се играше израмнето, а домаќините се мачеа да го најдат повторно патот до мрежата.
Така, во 68. минута Андрич од 25 метри шутираше директно кон голманот, но на воодушевување на домашните навивачи Центнер ја испушти топката која му мина низ рацете и заврши зад гол-линијата.
Бројките на Баер Леверкузен се ивонредни 33 средби во сите натпреварувања без пораз, со фантастични 97 постигнати погодоци, апсолутен рекорд во историјата на германскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА