Јувентус не успеа да стигне до цел плен на домашниот натпревар со Лече, ремизирајќи 1-1 против еден од најслабите тимови во Серија А.
Лучијано Спалети и неговите избраници имаат за што да жалат ако се знае дека имаа целосна доминација, промашија бројни шанси во првиот дел, по што Лече во самиот финиш поведе со 0-1. Јуве израмни во раната фаза од вториот дел преку Мекени, а потоа доби и стопроцентна шанса за пресврт, но Џонатан Дејвид катастрофално го изведе пеналот, на огромно разочарување на домашните навивачи на стадионот во Торино.
„Старата дама“ продолжи да доминира до самиот крај, но и среќата им го сврте грбот на домаќините откако ударот на Јилдиз во 95. минута заврши во дирекот, па Јувентус мораше наместо со планираните три, да се задоволи само со еден бод на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

