Среќен Божиќ од Меси и од Роналдо (фото)

Најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, со семејни фотографии им ги честитаа божиќните празници на бројните фанови ширум светот.

Среќен Божиќ на целиот свет“ – напиша Меси крај својата семејна фотографија за која Аргентинецот е облечен „празнично“, како своите двајца поголеми синови.

“Среќен Божиќ“ – на португалски и на англиски јазик им посака и Кристијано Роналдо на своите милиони фанови преку профилот на социјалните мрежи, со фотографија со убавата Георгина и неговите деца, сите со црвени капи на главите.

Се вчитува...