Среќен ден за голгетерот: Бојан Миовски стана татко

Бојан Миовски ги остави зад себе проблемите со повредите и денеска ужива во еден од најубавите денови во животот, откако македонскиот фудбалер за првпат стана татко.

Тренерот на Џирона денеска објави дека Бојан не тренирал бидејќи очекува да стане татко, а самиот Миовски вечерва ја потврди прекрасната вест – неговата сопруга Сара родила машко дете на кое среќните родители му го дале името Матео.

„Нашето младо момче Матео дојде на светот на 28.02.2025 и ни даде вредност и цел во животот. Твоето име значи „подарок од Бог“, а ние му се заблагодаруваме за овој благослов“, напиша Миовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Miovski (@miovskibojan)

Се вчитува...