Среќен финиш за Шкендија, Алими и Ибраими донесоа три бода (видео)

Шкендија по очајниот старт на сезоната успеа да врзе две победи, откако „црвено-црните“ по голема битка ја совладаа Ренова со 0-2.

Среќата беше наклонета на Шкендија на ова тетовско дерби, откако на четири минути до крајот ударот на Алими закачи еден домашен фудбалер и го измами голманот на Ренова. „Гипсарите“ беа принудени да се отворат, а тоа шампионот умешно го искористи постигнувајќи и втор гол, преку пеналот на Бесарт Ибраими откако Фелипе беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.

„Црвено-црните“ од Тетово дефинитивно почнуваат да се будат, иако се очекуваат многу подобри изданија од нив со оглед на потенцијалот што овој тим го поседува.

Се вчитува...