Уште една среќна приказна раскажана во Државна лотарија на Македонија, а поврзана со инстант лотаријата. Елена Добреска од Скопје за својот 32-ри роденден од својот сопруг добила подарок од 32 различни инстанти, меѓу кои и АВАНТУРА и ЗЛАТНА РИПКА и СЕФ. Најсреќната за славеничката била токму ЗЛАТНАТА РИПКА која и донела добивка вредна 100 000 денари. Борче, нејзиниот сопруг сите инстанти ги купил од продажното место на Државна лотарија на Македонија лоцирано во Капитол Мол. Внимателно ги одбирал , а идејата за ваков подарок ја добил по прочитаните приказни кои Државна лотарија редовно ги објавува , а раскажани се од многумина кои досега добиле подарок инстанти за најразлични поводи како свадби , родендени и слично. Елена и Борче својата среќна приказна ја раскажаа денес, и ни потврдија дека и понатаму како и до сега ќе играат инстант лотарија , ќе гребат и ќе се забавуваат. А од сега не се сомневаат дека за секој роденден кој следува веќе однапред знаат што ќе подаруваат, бидејќи ЗЛАТНАТА РИПКА на Елена и го направи овој 32 роденден уште посреќен и побогат за 100 000 денари.
Инаку инстант лотаријата Златна Рипка во својата втора серија нуди добивки од милион денари, од 500 000 денари, 100 000 денари, а воедно е и единствената која може да ви донесе и до три добивки на еден инстант лоз.
Пронајди ја и ти твојата Златна Рипка и Улови милион.
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА