„Среќни сме што Антонио е жив“

Вест Хем во понеделникот вечерта го победи Вулверхемптон со 2-1, но на мечот во центарот на вниманието беше Мајкл Антонио, асот на Чеканите, кој во саботата имаше тешка сообраќајна несреќа.

За среќа, тој се чувствува добро по операцијата, а тренерот Лопетеги со голема емоција зборуваше за својот напаѓач.

„Секогаш имаме мотив за победа, но вечерва имавме дополнителна. Овој триумф му го посветувам на нашиот Мич. Среќни сме што е жив. Она што го видовме беше страшна глетка. Пред него е долг пат и го чекаме“, изјави Лопетеги.

Закрепнувањето на репрезентативецот на Јамајка ќе трае долго, но се верува дека Антонио повторно ќе игра фудбал и покрај сериозните повреди на ногата.

Се вчитува...