Поранешниот истакнат македонски репрезентативец и вардаров фудбалер, Срѓан Захариевски е именуван за нов тренер на Вардар.
По разделбата со Горан Петрески, новото раководство на клубот се одлучи довербата да ја даде на 50-годишниот Захариевски кој изминативе четири години ги предводеше екипите на Струга ТЛ и Воска Спорт.
Захариевски претходно во кариерата ги водеше и Металург и Пелистер, а сега за првпат застанува на чело на Вардар, клубот за кој како играч настапуваше од 2001 до 2004 година.
Во најтесниот избор за нов предводник на најтрофејниот македонски клуб беше и Гоце Седлоски, но на крај одлучено е Срѓан Захариевски да биде тој кој ќе ги остварува најавените европски амбиции на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА