Срѓан Захариевски ќе го предводи Шкупи?

Поранешниот шампион Шкупи не ја почна сезоната според очекуваното и посакуваната. Токму од тука раководството на чаирчани после вчерашниот пораз од Гостивар, му врачи отказ на Ернест Ѓока на клупата на тимот, и ќе бара нов тренер.

ЕКИПА дознава дека најсериозен кандидат за наследник на Ѓока е Срѓан Захариевски, кој минатата сезона работеше во Воска Спорт, а претходно ги водеше екипите на Струга ТЛ, Металург и Пелистер.

Исто така неофицијално во комбинација е и доскорашниот тренер на Струга ТЛ, Шпетим Дуро, кој претходно беше во Шкендија.

Се вчитува...