Поранешниот стратег на шампионот Струга ТЛ, Срѓан Захариевски е пред промоција на клупата на Воска Спорт.
Раководството на Воска Спорт веќе по првото пролетно коло, по убедливиот пораз од 3-0 на гостувањето против Шкупи, се одлучи да се раздели со црногорскиот стратег на клупата, Миљан Радовиќ. А, на негово место, според информациите од охридскиот табор, веќе е договорен Срѓан Захариевски.
Захариевски до средината на минатата сезона го водеше тимот на Струга ТЛ со кој имаше извонредни резултати во есенскиот дел од сезоната. Претходно на домашната фудбалска сцена беше тренер и на екипите на Пелистер и на Металург.
Наредниве денови се очекува официјализирање на соработката меѓу Воска спорт и Срѓан Захариевски кој ќе има обврска да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига со охридскиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

