Срна го „издрибла“ Арсенал – Мудрик завршува на „Стемфорд Бриџ“?

Спортскиот директор на Шахтјор, прославениот поранешен хрватски репрезентативец, Дарио Срна се наоѓа во главниот град на Англија каде го договара трансферот на Михаил Мудрик, еден од најдобрите фудбалери на генерацијата 2001.

Украинецот беше голема желба на Арсенал, но „топџиите“ не успеваат да најдат заеднички јазик со Шахтјор околку сумата на трансферот, а целата ситуацијата бурно ја следи Челси. Срна воедно беше гостин на Тод Боели во свечената ложа на мечот против Манчестер Сити, а наскоро се очекува и прва официјална понуда од „сините“ кој треба да ја надмине сумата од 70 милиони евра.

Се вчитува...