Српска музика одекна среде Рим: Матиќ и Свилар и официјално претставени на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Римските навивачи го наполнија до последно седиште препознатливиот „Олимпико“, па речија да им приредат топло добредојде на новите засилувања и ја потврдија еуфоријата која владее во градот.

Фудбалерите на Рома славеа во последниот претсезонски тест против Шахтјор со 5-0 пред полни трибини на „Олимпико“.

Рома одлучи да приреди спектакл, откако фановите ги поздравија новите играчи со песни од нивните родни земји, па така поради Немања Матиќ и Миле Свилар одекнаа и познати балкански хитови среде Рим.

Еурофијата на „волчицата“ започна по освојувањето на Конференциската лига, а продолжи со летните засилувања, пред сè доаѓањето на Пауло Дибала, но и Вајналдум, Матиќ, Челик и Свилар.

 

Се вчитува...