Светското кошаркарско првенство 2023 стартува денеска во Манила. Српската репрезентација со свои очекувања, но без најдобриот НБА кошаркар Никола Јокиќ во составот кој се одлучи ова лето малку да одмори.
Па, Јокиќ, и тоа како одмара продолжувајќи со лудите забави, овој пат како ВИП гостин на концертот на Цеца Ражњатовиќ во родниот Сомбор.
Јокиќ кој пееше со Цеца додека пиеше вино во еден момент доби и честитки од Цеца…
„Господине Јокиќ, честитки за освоениот НБА прстен. Наша гордост, српска гордост. Освои уште десет и доста е!“ – му порача Цеца.
А, во меѓувреме, продолжува и револтот кај дел од српската јавност која и натаму не може да одобри Јокиќ да лудува по кафеани и на концерти, притоа не прифаќајќи да настапи за својот национален тим на Мундобаскетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

