Српската полиција во текот на денешниот ден на граничниот премин Прешево спречила тројца Албанци да влезат во државата, откако откриле дека во автомобилот имаат дрон, за ој не поседуваат соодветни документи. Беспилатното летало е пронајдено во просторот за резервна гума, без царинска декларација.
Албанските државјани наводно истакнале дека патуваат во Белград поради работни обврски, но тоа им било сомнително на српските полицајци. Тие се сомневале дека дронот е можеби планиран за натпреварот меѓу Партизан и Скендербег од Лигата на Европа, кој е на програмата утре. На првиот меч во Албанија, немаше посериозни инциденти на трибините на дуелот меѓу двата клуба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА