Српската ѕвезда која ги одби Реал и Барса за Ливерпул сега е пред трансфер во Грција

Некогашниот голмен талент на српскиот фудбал Марко Грујиќ кој по успешните настапи за Црвена Звезда реализираше трансфер во Ливерпул притоа одбивајќи понуди од Реал Мадрид и Барселона е пред нов транфсер во кариерата, овој пат назад во соседството каде се очекува да потпише за грчки АЕК.

Грујиќ две години беше дел од првиот тим на Ливерпул, но откако не успеа да се наметне во тимот се пресели на позајмици во Карфид и Херта пред во 2020 година да реализира и постојан трансфер во Порто за кој досега настапи на 140 натпревари во сите конкуренции.

Неговиот договор со Порто истекува на крајот на следната сезона па Португалците ќе дозволат негово заминување за околку пет милиони евра колку што Грците се подготвени да платат за негов ангажман.

Се вчитува...