Шокантната вест дека на новиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Себастијан Але му е откриен рак на тестисите ја погоди српската ѕвезда од редовите на Ајакс, Душан Тадиќ. Србинот и репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска поминаа една сезона заедно во Амстердам, а напаѓачкиот тандем функционираше беспрекорно
Србинот прати емотивна порака до Але, давајќи му поддршка во тешките моменти…
„Брате… шокиран сум на веста за твоето здравје. Секогаш беше позитивен и силен, сигурен сум дека се ќе биде добро. Никогаш не се откажувај. Ти посакувам многу среќа и мислам на тебе во овие предизвикувачки моменти“, напиша Тадиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

