Некогашниот играч на Бенфика, Челси, Манчестер Јунјатед, Рома, и од оваа година играч на Лион, Немања Матиќ на социјалните мрежи објави порака за која медиумите во Србија сметаат дека се однесува на препораката за прием на Косово во Советот на Европа.
Како што е познато, иницијативата за прием на Косово ја даде грчката пратеничка Дора Бакојани. Наводно тоа го испровоцирало Матиќ да напише на социјалните мрежи.
„Ех Грци, поранешни браќа, ова нема да ви го простиме“, напишал Матиќ.
Искусниот фудбалер подоцна не ја објаснил оваа објава, односно дали се однесува на Бакојани или е во прашање нешто друго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА