Српски фудбалер колабираше на терен во Шпанија, лекарите го реанимираа (ВИДЕО)

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ, колабираше на теренот за време на третолигашкиот натпревар помеѓу Кордоба и Расинг де Ферола. 25-годишниот Гудељ во 10. минута се сруши на теренот, и остана без свест, но и без пулс.

На стадионот завладеа молк, играчите се фаќаа за глава, а лекарските екипи брзо реагираа. Тргнаа со реанимација, и после некој момент успеаја да го вратат во живот и веднаш да го пренесат во болница.

Како што јавува АБЦ Кордоба, Гудељ засега е стабилно, но ќе остане во болница на дополнителни испитувања. Натпреварот е прекинат и не се доигра.

Инаку Драгиша е брат на подобро познатиот Немања Гудељ, кој игра за српската репрезентација.

Се вчитува...