Српски фудбалер му даде „отказ“ на својот татко

Српскиот фудбалер Лазар Самарџиќ, во иднина сам ќе преговара со заинтересираните клубови. Досега тоа го правеше неговиот татко, поради кој пропаднаа преговорите со Интер минатото лето, а сега се одлучи самиот тој да одлучува за својата иднина.

Трансферот во Интер тогаш пропадна поради, како што кажаа од тимот, претставниците на Самарџиќ меѓу кои бил и неговиот татко, во последен момент ги смениле условите, а „Нероазурите“ тоа не го прифатија, и покрај тоа што самиот играч веќе ги минал прегледите.

Па поради тоа Самарџиќ се одлучил да ги „одјави“ своите претставници и во иднина сам да преговара, најпрво со Удинезе, а потоа и со заинтересираните клубови. И една година подоцна, интер и натаму се интересира за српскиот „плејмејкер“.

Се вчитува...