Српски фудбалер за 20 милиони евра се сели во Саудиска Арабија

Клубовите од Саудиска Арабија тргнаа во нова офанзива пред крајот на преодинот рок во оваа земја, а шампионот Ал Итихад реши да ги засили своите редови со српски фудбалер.

Жан Карло Симиќ е голема желба на овој клуб, кој е во завршна фаза од преговорите со Андерлехт за да го доведе Србинот во своите редови. Симиќ беше дел од младинската школа на Милан, а по неколкуте одлични настапи за сениорскиот тим доби неколку понуди. На крајот, тој реши да се пресели во тим каде ќе биде стандарден првотимец и Андерлехт се покажа како вистински избор, Симиќ одигра 53 средби за белгискиот гигант, постигна четири гола и две асистенции, а цврстината во одбраната беше препорака за тој да биде високо на листата со желби на најдобрите клубови во Саудиска Арабија.

Ал Итихад беше најупорен во преговорите, па се очекува овој гигант да плати 20 милиони евра за да го осигура потписот на српскиот интернационалец.

Се вчитува...