Српски голман го засилува РК Вардар?

Српскиот ракометен голман Милан Бомастар следната сезона ќе го брани голот на Вардар, објави српскиот портал „Моцарт Спорт“.

Бомастар, кој моментално настапува за францускиот второлигаш Шартр, го напушта клубот по завршувањето на тековната сезона и се сели во Скопје, каде ќе го облече дресот на поранешниот европски шампион.

Третиот голман на репрезентацијата на Србија во последните месеци добил повеќе понуди од различни клубови, но на крајот се одлучил за проектот на „црвено-црните“.

Вардар интензивно работи на составување на екипата за сезоната 2026/2027. Покрај Бомастар, во клубот треба да пристигнат и бразилскиот играч Жоао Педро да Силва, како и Србинот Вукашин Воркапиќ.

Се вчитува...