Македонскиот кошаркарски прволигаш Еуро Никел ќе се засили со српскиот крилен центар Mилош Вранеш кој доаѓа од редовите на Спарс Сараево.
Вранеш ќе биде четвртото интернационално засилување за кавадарчани откако претходно во клубот стигнаа и Мак Смит, Џексон Дубински и Џерард Блекшир.
Иако имаше големи проблеми летово и беше под знак прашалник неговата иднина сепак тимот од Кавадарци успеа да ги надмине сите проблеми и повторно да биде опасен во домашниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА