Српски плејмејкер потпиша за Пелистер

Екипата на Пелистер продолжува да ги засилува своите редови, а по ангажманот на долгогодишниот репрезентативец Стефан Спировски денеска е осигуран уште еден значаен потпис за битолчани.

Станува збор за Петар Ристиќ, 25-годишен офанзивен играч за врска кој ќе ја има улогата да го разигрува битолскиот прволигаш. Ристиќ доаѓа од редовите на Трајал Крушевац, тим со кој настапувапе во Првата лига на Србија (второ по квалитет натпреварување кај северниот сосед).

Ристиќ, кој веќе го одработи и првиот тренинг со битолскиот прволигаш, претходно во кариерата има настапувано и за Мачва, Радник, Раднички Ниш и Јагодина.

Се вчитува...