Екипата на Радник Сурдулица од Србија, се заканува дека ќе ја напушти Суперлигата на земјата, поради незадоволство од судењето. Радник Сурдулица е последнопласиран на табелата.
Од Радник веќе упатиле молба до Судиската комисија, да прекинат со лошото судење, и да се пружи рамноправно судење во Суперлигта.
„ОД 7. коло на Суперлигата и натпреварот против Партизан, луѓето кои се делегирани да делат правда, делат само неправда на смета на нашиот клуб. Нашите забелешки се однесуваат кон само еден човек, Дејан Сантрач и на една организација – Судиската комимсија на чие чело е токму Сантрач. Со неговото делегирање на судиите, директно учествува во кроењето на резултатите на натпреварите на Радник, а мотивите поради тоа што го зборува, се многу јасни. Мечот против Партизан го одигравме на 17 септември и тогаш Трифковиќ покажа два непостоечки пенали за нас, а беше покажан и црвен картон за нас. Како награда за работта, истиот судија после две кола ни беше ВАР судија на мечот против Јавор, на кој бевме драстилно оштетени. Мислевме дека со тоа заврши, но тоа беше само почеток. Потоа бевме оштетени и против Железничар, па против Нови Пазар… Без разлика на се, Радник ќе ја разгледа опцијата за напуштње на Суперлигата, заедно со неколку клубови кои ја делат истата судбина“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА