Српските судии Александар Панџиќ и Иван Мосорински го судеа нивниот последен европски и меѓународен ракометен натпревар минатата сезона на меѓународно ниво. Инволвирани во аферата со местење натпревари во европските купови, ЕХФ објави дека ги суспендирала доживотно.
По повод последниот Извршен комитет, ЕХФ дискретно објави дека донела недвосмислена одлука во однос на српскиот пар Александар Панџиќ и Иван Мосорински, вмешани во аферата со местење натпревари во Лигата на шампионите. Иако случајот беше затворен од страна на ракометниот суд на ЕХФ летово, особено со парична казна од 2.000 евра за секој од двајцата судии, извршниот комитет на Европската федерација исто така побара доживотна суспензија на двајца арбитри на меѓународно и европско ниво.
Официјално двајцата судии се избришани од судењето на натпреварит како што се европските купови и Европското првенство. Сега останува само да се види дали матичната федерација ќе ги суспендира, или тие ќе можат да делат правда на домашни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА