Српскиот судија Срѓан Обрадовиќ беше приведен во полициска станица во Јагодина, каде овој фудбалски арбитар ќе биде испрашуван во врска со своите одлуки за време на натпреварот од домашното првенство меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш.
Стануваше збор за битка за излез во фудбалска Европа во која во главна улога беше токму судијата Обрадовиќ. Тој во првото полувреме го исклучи најдобриот гостински фудбалер, Милан Павков, покажувајќи му жолт картон за наивен старт, а веднаш потоа и црвен поради наводен приговор.
Сепак, Обрадовиќ најдоброто го сочува за крај, кога досуди и втор пенал за Спартак, и тоа за ситуација кога немаше никаков старт во шеснаесетникот на гостите од Ниш. Погледнете го овој момент, кој дефинитивно ќе се вброи меѓу најнепостоечките досудени пенали во фудбалската историја.
Челниците на Фудбалската Федерација на Србија побараа тој веднаш да биде избришан од листата на судии, а полицијата отиде чекор понапред, барајќи одговорност од Обрадовиќ приведувајќи го во полициска станица во Јагодина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА