Роман Абрамович потврди дека ќе го продаде Челси, поради големиот притисок кој го има од Англија од која е протеран поради руската инвазија над Украина.
Понуди почнаа да доаѓаат од клубови од целиот свет кон Русинот кои би сакале да бидат купени од негова страна, а дефинитивно најоригиналната ја има фудбалскиот клуб Петка кој го повика рускиот тајкун да инвестира во овој тим.
„Мил Роман, поради новонастанатата ситуација сакаме да ви понудиме да купите 49 отсто од акциите на нашиот клуб. Состанокот е предвиден да се случи во нашата кафана која се наоѓа во нашиот дом“, е само дел од соопштението кое се рашири во целиот свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА