Српски тим се заканува со бојкот во натпревар во Лигата на Европа

Фудбалскиот клуб ТСЦ Бачка Топола, со писмо се обрати до УЕФА во која се закани дека нема да го игра натпреварот со Олимпијакос во групната фаза во Лигата на Европа  во четврток, ако нивните навивачи не бидат пуштени на стадионот во Пиреја.

Челниците на српскиот клуб бараат 130 нивни навивачи да бидат пуштени на стадионот „Караискаки“ или екипата нема да излезе на терен.

ТСЦ закупи автобус кој треба да ги носи нивните навивачи до Пиреја, но мораа да го откажат аранжамнот. Наводно никакви гарантни писма не успеале да ја поправат ситуацијата, а Олимпијакос одлучил само на играчите и на десетина луѓе од раководството на противникот да бидат на стадионот.

Хулиганските испади на грчките стадиони го прекинаа првенството на оваа земја. Присуство на публика е дозволено на мечевите Панатинаикос – Макаби Хаифа, како и на ПАОК против Хелсинки.

Се вчитува...