Српски тинејџер со деби од соништата за Милан во победата над Монца (ВИДЕО)

Милан без апсолутно никакви проблеми дојде до убедлив триумф од 3-0 против Монца во 16. коло од Серија А.

„Миланезите“ победата ја најавија со голот на Реијндерс уште во 3. минута.

А, младиот српски тинејџер Јан-Карло Симиќ (18 години), кој имаше деби од соништата за Милан, во 41. минута веднаш постигна и свој прв гол во црвено-црниот дрес за 2-0.

Окафор во 76. минута ги постави конечните 3-0.

Се вчитува...