Србинот Игор Кокошков, од следната сезона ќе биде прв тренер на Фенис санс, најавија американските медиуми. Кокошков кој моментно е асистент на клупата на Јута џез, така ќе влезе во историјата на НБА како прв главен тренер на некој тим во најсилната кошаркарска лига во светот што е роден во Европа.
Феникс санс тековната сезона ја завршија со најлош скор во лигата со 21 победа и дури 61 пораз и на претстојниот драфт ќе имаат најголеми шанси за првиот или еден првите три пика.
Кокошков на клупата на Феникс ќе го замени Џеј Тријан кој беше времено решение на тренерската позиција откако беше отпуштен Ерл Вотсон уште по третиот натпревар на стартот од сезоната.
Српскиот тренер има 46 години, а во НБА со прекини е од 2000 година. Пред ангажманот во Јута, беше асистент во ЛА клиперс, Детроит, Кливленд и во Орландо.
Како селектор ги предводеше репрезентациите на Грузија и на Словенија со која минатата година стана европски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА