Српскиот центар Бобан Марјановиќ е без клуб откако заврши неговиот договор со Хјустон Рокетс. А, и покрај тоа што се ближи крајот на предсезоната и за него нема понуди од НБА тој е оптимистичен дека и во иднина ќе настапува во најсилната кошаркарска лига.
И доколку не го продолжи престојот во Соединетите американски држави, тој е расположен и за други опции, како што вели самиот.
„Кога и да правиш некој план, не излегува како што ќе посакаш. Јас сакам да останам во НБА, но доколку не се случи тоа имам опции, ќе продолжам понатаму“, вели Марјановиќ за српските медиуми.
224 сантиметри високиот центар кој е дел од НБА лигаа од 2015 година во текот на кариерата настапуваше за Сан Антонио, Детроит, ЛА Клиперс, Филаделфија, Далас и Хјустон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА