Српскиот дуел во НБА за Никола Јокиќ, расположен беше и Богдановиќ

Бранителот на трофејот во НБА лигата, Денвер ја забелеажа третата победа во сезоната откако славеше со 95-128 на гостувањето кај Оклахома Сити. Лидер на гостите беше неверојатниот Никола Јокиќ кој реализираше 28 поени, 14 скокови и 5 асистенции за нешто помалку од 30 минути на паркетот.

На оваа средба за домаќинот настапија уште двајца Срби, Василије Мициќ и Алексеј Покушевски кои поминаа 14 минути на паркетот, а постигнаа два, односно еден поен.

Четвртиот Србин кој настапи изминатата вечер, Богдан Богдановиќ реализираше 17 поени и 6 асистенции во победата на неговата Аталанта на гостувањето против Милвоки со 110-127.

Во останатите натпревари:

Хјустон – Голден Стејт 95-106
Филаделфија – Портланд 126-98
Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио 123-83
Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс 132-127

Се вчитува...