Фудбалскиот клуб Партизан на социјалните мрежи објави дека на 66-годишна возраст почина поранешниот голман на црно-белите Предраг Јушиќ . Долги години работеше како тренер и извидник во Младинската школа на ФК Партизан.
Јушиќ играше во Сараево, а потоа замина во белградските „црно-бели“. После завршувањето на кариерата, работеше во младинските категории на Партизан.
– Неговата посветеност и љубов кон Партизан беа несомнени, а неговата работа во клубот беше обележана со посветеност на помладите генерации – напиша Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА