Српскиот фудбалер Нинковиќ доживеал страшна сообраќајна несреќа во Хрватска

Српскиот фудбалер Никола Нинковиќ доживеа страшна сообраќајна несреќа кај Липовљан во Хрватска, информираат италијанските медиуми.

25-годишниот Нинковиќ, кој е член на Асколи, патувал од Србија за Италија кога се случила несреќа со неговото Порше забивајќи се во задниот дел на камион кој возел во истиот правец.

Веднаш е префрлен во болницата во Сисак, но по лекарската интервенција без посериозни повреди пуштен е по неколку часови. Во болница завршил и возачот на камионот.

 

Се вчитува...