Српскиот голман прави сензционален трансфер за 60 милиони евра

Одличните одбрани во Серија „А“, придонесоа интересот за голманот на Рома, Миле Свилар да биде се поголем. И покрај тоа што неодамна го продолжи договорот со „волчицата“, српскиот голман е на „мета“ на големите клубови.

ПСЖ е сериозно заинтересиран да го доведе во своите редови. Откако „Светците“ го продадоа Џанлуџи Донарума, го ангажираа Лука Шевалие, но се покажа дека замената не е достојна, па затоа актуелниот европски првак се врти кон Свилар. За него се интересира и Интер, но проблем е цифрата која Рома ја бара за неговите услуги.

Според информациите, Рома е подготвена да се откаже од него, но само за отштета од 60 милиони евра. Таа сума е превисока за Интер, па затоа тие се вртат кон алтернативи како што е Гилермо Викарио од Тотенхем, и Андреј Лунин од Реал Мадрид.

Но, таа цигра не е проблем за ПСЖ кој по секоја цена сака добар голман меѓу диреците.

Свилар играше за помладите категории на Белгија, а потоа белгискиот дрес го смени за српскиот, но додека Драган Стојковиќ беше селектор, објави дека нема повеќе да настапува за репрезентацијата.

Се вчитува...