Српскиот голман се посрамоти – го глумеше Нојер, па прими пресмешен гол (видео)

Српскиот голман Предраг Рајковиќ е „суперлузерот“ на денешниот ден од квалификациите за СП 2022 по смешниот погодок што го прими во самиот финиш од полувремето на мечот со Азербејџан.

Србите требаше да заминат на одмор со предност од 1-0 со голот на Влаховиќ од пенал, но Рајковиќ во 47. минута од полувремето тргна да го глуми Мануел Нојер, но се посрамоти, подарувајќи му ја топката на Дадашов, кој немаше тешка задача да ја смести во празната мрежа.

Погледнете како изгледаше овој огромен „кикс“ на српскиот голман…

Се вчитува...