Српскиот претседател Вучиќ на дружба со Дарко Панчев: „Чест ми е што се сретнав со големиот шампион“ (ФОТО)

За време на својата посета на Скопје, во рамките на учеството на Регионалниот економски форум – „Поврзан Балкан“, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оствари средба и со македонскиот фудбалер на векот, Дарко Панчев.

Не е тајна дека Вучиќ е симпатизер на белградска Црвена Звезда, клубот во кој Панчев ги мина најславните свои фудбалски денови освојувајќи ја и титулата во Купот на европските шампиони.

„Со македонската и југословенска легенда, Дарко Панчев. Чест ми е што можев да се сретнам со големиот шампион“ – напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил.

Се вчитува...