Српскиот талент останува во НБА: Доби отказ од Оклахома сити, но веднаш најде нов клуб

Алексеј Покушевски е решен да остане во НБА-лигата и по добиениот отказ од Оклахома Сити тандер, па српскиот суперталент во следните 48 часа и официјално ќе потпише договор со нов клуб во најсилната лига во светот.

Црвена Звезда и Партизан ја следеа ситуацијата со овој играч обидувајќи се да го вратат во Србија, но Покушевски јасно стави до знаење дека не се откажува од сонот наречен НБА, па постигна договор за преселба во Шарлот Хорнетс. Овој клуб неодамна потпиша договор со српскиот плејмејкер Василије Мициќ, кој исто како и Покушевски не добиваше шанса во Оклахома, но затоа одлично се снајде во дресот на хорнетси.

Челниците на Шарлот се надеваат дека истото ќе биде случај и со Покушевски, кој беше драфтуван на 17. место во 2020 година, европските медиуми го опишуваат како огромен талент, но тој епитет барем засега не е оправдан со добри игри на теренот.

Останува да се види дали вртењето на нов лист и преселбата во Шарлот ќе значи и блесок на Покушевски во НБА, со што би се наметнал и за настап за Србија на ОИ во Париз следното лето.

Се вчитува...