Српскиот тренер со потег за почит: По 20 долари за детски болници за секоја асистенција на неговиот тим

Дарко Рајаковиќ сезонава дебитира како прв тренер во НБА-лигата откако српскиот стратег ја доби довербата на раководството на Торонто репторс.

Србинот е извонреден кошаркарски стратег, но се покажува и како голем човек откако беше обелоденета хуманитарната акција што тој и неговата сопруга Гага ја организираа за помош на три детски болници, од кои едната во Торонто, другата е клиника за истражување на детски болести во Мемфис, а третата во Белград.

Имено, Рајаковиќ покрена кампања за издвојување по 20 долари за секоја асистенција на неговиот тим во сезоната 2023/24. „Рептилите“ во просек имаат по 29,6 асистенции сезонава. Торонто досега има точно 1.302 асистенции, што е нешто повеќе од 26.000 долари, бројка што се очекува да биде удвоена ако се знае дека се наоѓаме на половина од сезоната во НБА-лигата.

Потег за секоја пофалба на српскиот стратег, кој на овој начин ги освои симпатиите на јавноста на северноамериканскиот континент.

Се вчитува...