МЗТ Скопје со третата победа во серија го оствари својот дел од „невозможната мисија“, да триумфира над Задар, Сплит и Цибона во обид да го задржи прволигашкиот статус во АБА.
По натпреварот жестоки реакции стигнаа од српскиот Борац, кој смета дека тоа што го направила Цибона во Скопје е срамно.
И ден подоцна не сопираат реакциите од српските медиуми, кои во недостиг на аргументи, натпреварот во Скопје го оценуваат како „циркус“.
„Шокантни сцени на мечот МЗТ – Цибона! Овој дуел сигурно ќе биде предмет на истрага на раководството на натпреварувањето, бидејќи видовме неколку неверојатни сцени во него.
„Цибона водеше на полувремето 53-41, но во останатите не играа кошарка! Да, тоа што го направија во второто полувреме не беше кошарка, туку игра која регионалната кошарка не ја памети!“
„Имено, третата четвртина заврши со резултат 30-5! Да, не е грешка – 30-5. Домашната екипа одигра многу добро, но… Тоа што го направија загрепчани беше срамно“, се само дел од текстовите на српските медиуми.
За МЗТ да може да обезбеди бараж за опстанок во АБА, Борац денеска ќе мора да загуби против Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА