Српските ватерполисти обезбедија четвртфинале на Летните олимписки игри во Париз, откако во одлучувачкиот натпревар во групата убедливо славеа против домаќинот Франција елиминирајќи го уште во групната фаза од натпреварите.
Србија победи со 15-8 (4-2, 4-2, 4-2, 3-2) во најубедливиот свој натпревар на турнирот.
Одличната одбрана и разновидниот напад пресудија за победата на Србите кои беа предводени од капитенот Никола Јакшиќ и неговиот помлад брат Петар. Голманот Радослав Филиповиќ имаше дури 12 одбрани и одигра значајна улога во убедливата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА