Српско-грчката ракометна „војна“ заврши со елиминација по пенали на Партизан од АЕК

Грчки АЕК од Атина се пласираше во полуфиналето од Европскиот куп откако дури по изведувањето на пеналите го елиминираше Партизан во четвртфиналниот двомеч.

Како што е познато, реванш мечот во Белград беше одложен затоа што гостинските ракометари се исплашија од „Гробарите“, па натпреварот се играше денеска на неутрален терен, во Бугарија.

Партизан успеа да слави со24-19 и да ја анулира предноста на Грците од првиот меч во Атина од 22-27. На крај мораше пеналите да го решаваат патникот во полуфиналето, а во „пенал-рулетот“ посреќен беше АЕК дури во седмата серија во која Дан Тепер му одбрани удар на капитенот на Партизан, Никола Зечевиќ.

АЕК во полуфиналето ќе игра против Извиѓач Љубушки, а во второто полуфинале, како што е познато, ќе играат македонскиот Алкалоид и Рунар.

Се вчитува...