Српско крило пред потпис со РК Вардар

Двократниот европски шампион Вардар 1961 е близу до потписот со српскиот ракометар Никола Воркапиќ, кој во моментов настапува за Војводина. Според информации од српските медиуми и извори блиски на клубот, договорот е речиси финализиран и би требало да биде официјализиран во наредните 48 часа, што ќе го зајакне „црвено-црниот“ состав за вториот дел од сезоната.

Никола Воркапиќ кој важи за едно од најдобрите српски крила, во последните три сезони блескаше во редовите на Војводина, каде што постигна преку 150 гола и имаше клучна улога во освојувањето на националната титула минатата година.

Овој трансфер доаѓа по неодамнешното засилување со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, што укажува дека во новата година Вардар ќе влезе со уште поголеми амбиции.

Се вчитува...