Пласманот на Ал Хилал во полуфиналето од азиската Лига на Шампиони донесе и светски рекорд за овој саудиски клуб. Имено, победата од 2-0 над Ал Итихад беше 28-ми триумф во низа со што беше надминат рекордот кој досега беше во сопственост на ТНС.
Велшкиот тим во сезоната 2016/17 забележа 27 победи едно по друго, но доколку се земе во обѕир фактот дека саудиското првенство во моментот е далеку поквалитетно од велшкото, а Ал Хилал има обврска и во меѓународните натпреварувања јасно е дека потфатот е нешто што долго ќе се памети.
Фудбалерите на тимот меѓу кои се и српските репрезентативци Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ во соблекувалната бурно го прославија пласманот во полуфиналето и новиот рекорд, а српскиот напаѓач кој ја удираше главата во ормар стана хит на социјалните мрежи.
ميتروفيتش في غرفة الملابس 😂😂💙 pic.twitter.com/VR4lA9cafs
— عالم ميتروفيتش – Mitrovic world (@AMitrovic9) March 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

