Младинската репрезентација на Македонија поседува и квалитет и карактер, но за жал тоа се покажа недоволно за да се стигне барем до бод на денешниот дуел против Русија. Избраниците на Милевски на тешки услови за игра се покажаа во одлично светло, два пати се враќаа, но примија гол во 94. минута и несреќно загубија со минимални 3-4 од реномираниот противник.
Тагата кај младите фудбалери беше очигледна, срце боли по ваков несреќен пораз, но ако ништо друго барем се покажа потенцијалот на оваа репрезентација, во кој многумина со сомневаа по претходните три порази во низа.
Ќе има нови шанси за докажување на квалитетот, тогаш сигурно и среќата ќе ни биде повеќе наклонета од денеска, најважно е да се продолжи со напорна работа бидејќи тоа е единствен начин за напредок на овие млади фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА